дома Македонија Каракамишева му го „плecна“ на Марешки кој бара обединување на Македонија со...

Каракамишева му го „плecна“ на Марешки кој бара обединување на Македонија со Бугарија

Oткако Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија Волја, коалициски партнер на премиерот Бојко Борисов, изјави дека единствениот пат за земјава е обединување со Бугарија, му одговори професорката Тања Каракамишева.

Таа вели дека културна асимилација е кога еден заедница/ колективитет се интегрира во друга мнозинска група и ги стекнува нејзините карактеристики, јазик, обичаи, историја.

„На овој начин, заедницата што и се придружува на другата заедница завршува со губење на своите обележја и специфичности. На здравје!”, пишува Каракамишева.

Оваа изјава засега не ја коментираат други луѓе од општествено – политичкиот живот во Македонија.

Од Бугарија ќе зависи дали Македонија ќе ги почне преговорите со Европската Унија.

Изминатиот период, бугарската страна бараше нашава земја да признае дека македонскиот јазик и народ имаат бугарски корени.