дома Социјални Мрежи КАРАКАМИШЕВА: Некој сериозно не го познава Изборниот законик и рокови, од мрза...

КАРАКАМИШЕВА: Некој сериозно не го познава Изборниот законик и рокови, од мрза си патиме како нација

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук прифил уште еднаш ја искритикува поличката елита во нашата земја дека немаат познавање од Изборниот законик и изборните рокови.

Таа исто така фрли сомнеж на составот на Државната изборна комисија кој беше изгласана во Собраните исклучиво за потребите за спроведување на референдумот, а комисијата и понатаму работи во истиот состав како да е договорено.

Таа напиша:

Некој сериозно не го познава Изборниот законик и изборните рокови!

Аналфабети од изборно право, само така продолжете…може попатно ќе научите, ќе ги проанализирате одредбите подобро кога ќе седнете да прочитате здраво, а не што друг ви прераскажува.

Од мрзата си патиме како народ!

НЕМА ВРЕМЕ ЗА АНАЛИЗА!

Btw, нели овој состав на ДИК беше договорен само за одржување на референдумот?

Или договорено е да продолжи?