дома Македонија КАРАКАМИШЕВА: Претседател на Северна, не благодарам, бојкотирам претседателски избори

КАРАКАМИШЕВА: Претседател на Северна, не благодарам, бојкотирам претседателски избори

Професорката Тања Каракамишева на Твитер повика граѓаните да не се фаќаат на мамката бидејќи според неа претседателските избори се шанса да се легитимира како што вели етноцидот направен врз македонскиот народ. Токму поради ова таа повика на бојкот на претседателските избори.

-Народе Македонски,не им се фаќајте на мамката. Претседателските избори им се шанса да го легитимираат направениот ЕТНОЦИД врз нас!Ние им требаме сега за да преку нашите гласови завршат со нас.Да не им ја дозволиме таа гнасна игра.Претседател на Северна,НЕ БЛАГОДАРАМ! БОЈКОТИРАМ!