Каракачанов за донацијата: Пomaгаме не на наши соседи туку на сонapoдници, Бугарија е држава на сите Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тука не станува збор за соседи, станува збор за сонародници“, изјави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), прашан зошто, заедно
со премиерот Бојко Борисов, решиле да им помогнат на соседите од Република Македонија со
вакцини против ковид-19.

„ … И не само во Македонија, туку и во западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски
заедници. Му овозможивме на министерот за здравство да го уреди механизмот. На крајот на
краиштата, Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат и надвор од Европската унија … “, рече Каракачанов, по што новинарот го прекина со забелешка дека „сега и од кај Вардар ќе му се нафрлат“, алудирајќи дека таквата изјава ќе наиде на незадоволство од оваа страна на границата.

„Тие одамна се нафрлаат, не знаат веќе од која страна да се нафрлат“, одговори министерот за одбрана, па продолжи: „Ние имаме сонародници кои живеат поради економски причини во држави кои
не се членки на Европската унија. Вие ми рековте ‘покрај Вардарот’. Ами таму има околу 120 илјади
бугарски граѓани. Тие можат и треба да се вакцинираат. Имаме наши сонародници и во Украина, Молдавија. Зборувам за компактни заедници, тие исто така се Бугари. И сега, кога ние ги признаваме за Бугари, треба да им дадеме можност да им се помогне. Ако сакаат, се разбира, сѐ тоа е доброволно“, рече Каракачанов.

Прашан, во друг контекст, дали тој ќе се вакцинира, министерот рече дека ќе направи така како што ќе каже главниот доктор во бугарската армија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This