дома Македонија Каракачанов изрази сочувство за жртвите од несреќата: Ние сме браќа и болката...

Каракачанов изрази сочувство за жртвите од несреќата: Ние сме браќа и болката е заедничка

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов, ја изрази својата тага за трагичниот инцидент на македонскиот автобус на автопатот „Струма“.

„Застрашувачки, тешко и неразбирливо. Не можам да најдам зборови да ги искажам тагата и болката од страшната сообраќајна несреќа на автопатот ‘Струма’ пред неколку часа. 45 луѓе, меѓу кои и малолетници, го напуштија овој свет на суров начин. Нашите браќа и сестри од Македонија. Бог да ги прости!“, истакна Каракачанов.

Тој изрази искрено сочувство до роднините на загинатите и до цела Македонија.

„Во овој момент треба да бидеме заедно повеќе од кога било. Ние сме браќа и нашата болка е заедничка. Како човек и како лидер на ВМРО повикувам на смиреност, емпатија и единство за да ја надминеме нашата тага“, вели Красимир Каракачанов.