March 29, 2024, 12:21 pm

КАРАКАЧАНОВ: Ние сме против двојазичност, федерализација и кантонизација на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од бугарската партија ВМРО-БНД велат дека со загриженост ги следат процесите во Македонија од изминатите денови, и не треба да се прават компромиси и да се дозволи албанскиот како втор службен јазик.

Доколку Македонија сега попушти пред притисокот, утре може да дојде и до фактички распад на државата, наведуваат од ВМРО-БНД.

20170303105231

„Ние сакаме нашите сонародници во Република Македонија,  да живеат во мир и да се сигурни за иднината на своите деца и нема да дозволиме да бидат подложени на агресија и опасност“- вели лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Тој додава дека ВМРО-БНД секогаш се залагала за независна Македонија, додека Киро Глигоров настојуваше за послаба конфедерација на поранешните југословенски држави, а не за суверена земја.

Бугарија беше првата земја која ја призна нејзината независност, затоа и изрази целосна поддршка на нашите браќа за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, потсетува Каракачанов.

„Безбедноста и спокојството на нашите сонародници кои живеат во Македонија, е национален приоритет на Бугарија и за ВМРО-БНД, која е еден од водечките фактори на политичкиот живот на земјата. Играњето на картата за дестабилизирање на Македонија е опасна игра во која ние нема да се однесуваме како незагрижени“- додава Каракачанов.

Тие се против  идеите за двојазичност, федерализација и кантонизација на Македонија.

„Бугарите секогаш го почитувале и ќе го почитуваат секој човек, но кога тој некој ќе си дозволи да си игра со судбината на Македонија, секогаш ќе се сретне со нашата бескомпромисност“- изјави Каракачанов.

Македонија не смее да потклекне пред притисокот, наведуваат од партијата.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This