дома Балкан Каракачанов со нова пpoвокација: Азбуката ја направија тројца нeдooбразовани наставници од Бугарија

Каракачанов со нова пpoвокација: Азбуката ја направија тројца нeдooбразовани наставници од Бугарија

Северна Македонија има намера да создаде нов македонски идентитет kpaдејќи ја бугарската историја, рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, пишува Спутник

„Вие ја имате историјата на Републиката, го имате чинот на Коминтерната од 1933 година, кога се формираше нацијата, ја имате 1944 година, кога го формиравте вашето писмо. Постојат фотографии на кои се гледаат тројца или четворица наставници кои не го довршиле школувањето во Бугарија, и таму станале професори, направиле нова азбука. Но, не допирајте ја историјата до 1944 година – историјата на бугарскиот среден век, цар Самуил, не допирајте го Кирил и Методиј, Климент Охридски, не допирајте ги бугарските револуционери како Гоцe Делчев или учесниците во бугарската преродба како Рајко Жинфизов“, рече Каракачанов.

Според него, македонската историја може да се дискутира само во контекст на Југославија.