дома Македонија КАРАМБОЛ ВО СУДСКИОТ СИСТЕМ: Пресретната комуникација и коорднација помеѓу судии и највисоки...

КАРАМБОЛ ВО СУДСКИОТ СИСТЕМ: Пресретната комуникација и коорднација помеѓу судии и највисоки функционери од Владата на Р.Македонија!

Судството се повеќе тоне во корупција и политикантство, во кое наместо правда и правичност судиите држат политички говори, а обвинителите се ставени во служба на владин пиар со кој актуелната власт успешно го дефокусира граѓанството од актуелните проблеми

Како што дознаваме од добро упатени, високо-позиционирани извори во судот, неодамна била пробиена комуникацијата помеѓу Селим Адеми – член на судскиот совет и вицепремиерот Бујар Османи по препорака на премиерот Зоран Заев.

„Комуникацијата и координацијата се одвива во насока членвите на Судскиот совет на утрешната седница од македонскиот блок да ги изберат за судии на Врхове суд судијката Цветанка Периќ – судија од Апелација, а за судија во Управниот суд во Скопје Елизабета Васовска сега вработена во стручна служба на Судскиот совет, блиска пријателка на Звонко Давидовиќ познат по ‘шарената револуција’“ – информира нашиот извор.

По ова во следниот период има координација најпрво за поништување на огласот за избор на претседател во Апелација, Скопје потоа откако ќе и заврши мандатот на Мери Дика во Судскиот совет и откако ке се врати во Апелациониот суд во Скопје да биде избрана за претседател на тој суд – додава нашиот извор.

Во меѓувреме се очекува избор на Лидија Неделкова за член на Судскиот совет како претставник од Врховниот суд.