дома Балкан КАРАНИЦА ПОМЕЃУ ХАШИМ ТАЧИ И РАМУШ ХАРАДИНАЈ: Косовскиот политички врв се судри...

КАРАНИЦА ПОМЕЃУ ХАШИМ ТАЧИ И РАМУШ ХАРАДИНАЈ: Косовскиот политички врв се судри за тоа кој повеќе треба да ги слуша „советите“ од САД!

Косовскиот претседател Хашим Тачи денес побара од косовската влада да го почитува советот на САД во врска со неодамна воведените такси за производи од Србија и Босна и Херцеговина


Тој вели дека американските совети не треба да му штетат на Косово, туку да го зајакнат.

„Актуелните случувања и некои активности на институциите, американската влада ги следи со загриженост. Оваа ситуација е за жалење. Затоа сега е време да ги почитуваме американските пријателски совети кои имаат за цел зајакнување на државата Косово и мир во регионот“, напиша Тачи на Фесјбук.

Стејт департментот на крајот на минатата година побара од косовскиот премиер Харадинај да ги укине таксите.

Истото барање е повторено на косовските лидери во амбасадите во Приштина, и кажано е дека САД бараат итна суспензија на таксите, пренесува „Газета експрес“.

„Соединетите Држави го повикаа косовското раководство трајно да ја укине таксата на стоките од Србија и Босна и Херцеговина. Како што кажавме, не гледаме никаква корист од ваквите мерки. Силно охрабрување на обновување на суштинските цели на Косово – европска иднина и нормализација на односите со Србија“, се наведува во одговорот на американската амбасада за „Коха Диторе“.