дома Македонија КАРАЏОВСКИ НАБАВИЛ ЛУКСУЗНО ВОЗИЛО: Купил БМВ од 40 илјади евра, но не...

КАРАЏОВСКИ НАБАВИЛ ЛУКСУЗНО ВОЗИЛО: Купил БМВ од 40 илјади евра, но не смета дека станува збор за луксузно возило

Претседателот на Cyдскиот совет Зоран Караџовски пред заминување од функцијата, набавил ново БМВ вредно над 40.000 евра. Според договорите склучени во петокот, на кои стои потписот на Караџовски, покрај БМВ-то Советот набавил уште едно возило „Опел Астра“ вредно 16.000 евра.

За двете возила Cyдскиот совет ќе потроши вкупно 57.000 евра. Интересно е што Караџовски е и прв човек на Cyдскиот буџетски совет, односно со негов потпис се одобрени и парите за набавката на возилата. Најмногу пари или по околу 57.000 евра одобрил, покрај за Cyдскиот совет каде што е претседател, и за набавката на возила за неговиот колега од Врховниот Cyд, Јово Вангеловски.

Караџовски за ТВ 24 вели дека БМВ- ето не е луксузен автомобил, туку потреба.

Не сметам дека е луксузно возило воопшто, тоа е едно репрезентативно возило кое нема да се вози често. Благодарни сме на Владата и на Министерот за финансии што за прв пат во историјата на cyдовите одобрија средства за возила, и за прв пат е освежен возниот парк на cyдовите“- изјави Зоран Караџовски, Претседател на Cyдскиот совет.
Караџовски вели дека сепак тој нема да се вози во БМВ-то, туку неговиот наследник.