Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тоиќ е во сериозна криза, а проблемите во рајот почнале на Новогодишниот настап на пејачката, пишува српски Курир.
Наводно на поп дивата ѝ пречело што нејзиниот животен сопатник ѝ испратил пијачка на познаничка која седела на соседната маса. Толку многу и пречело тоа што Јелена го прекинала настапот и почнала да се кара со Душко. Јелана отишла на друг настап, а Душко се појавил како ништо да не се случило, но тоа ја прелило капката.
Душко отиде дома и се обиде да ѝ објасни дека работите не се онакви како што ги гледа таа, но џабе, Јелена терала по свое. Тошиќ ѝ го земал телефонот и тогаш се случил прав рушвајс, раскажал извор блисок на пејачката.Според изворот, Душко наводно пронашол пораки со кои Јелена флертувала со фудбалерот Огњен Врањеш, со кого Душко, а и таа самата, не е во најдобри односи.
Е тогаш Душко полуде. Сешто ѝ изнарекол, ѝ го одзел телефонот, така што никој да нема контакт со неа. Душко му се јавил и на колегата фудбалер, па и нему му изнакажал сè и сешто. не знам што ќе се случи и како ќе се заврши ова, но мислам дека ќе поднесе документи за развод, тврди изворот на Курир.рс.