Касами во „бутик-улицата“ во Тетово ја презентираше својата програма и вети поддршка на малите бизниси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Движењето Беса, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами денеска беше во посета на „бутик-улицата“, препознатлива по продавниците за ракотворби во Тетово.
Касами ја презентираше својата програма пред граѓаните и сопствениците на занаетчиски продавници, во врска со развојот на занаетчискиот сектор.
– Движењето БЕСА ќе го „обнови“ моделот на економски развој и економска благосостојба преку капитални инвестиции и странски инвестиции, локални проекти, претприемачка иницијатива, развој на агробизнисот, агротуризам и рекреативен и културен туризам, привлекување странски директни инвестиции во економската зона на Тетово, фискални и административни капацитети со цел намалување на невработеноста, особено за младите луѓе, порача тој.
Кандидатот од БЕСА, пред граѓаните истакна дека за партијата е од голема важност да напредува културно-уметничкиот живот на жителите на Тетово и затоа преку конкретни проекти ќе ги поддржат театрите, библиотеките, културните работници и уметничките друштва.
-Ќе имаме посебна грижа и посветеност кон културното и историското наследство, како и кон потенцијалот на културниот туризам. Исто така, во областа на културата, ќе иницираме соработка со институции од регионот, со цел размена на добри практики и искуства, додаде Касами

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This