дома Политика Касами: Имаме конкретен проект за секој проблем

Касами: Имаме конкретен проект за секој проблем

Претседателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, вечерва, со шефот на Изборниот штаб на оваа партија, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, ја посети тетовската населба Гам Гам.
Зборувајќи за Хоџа, лидерот на Движењето БЕСА рече дека првпат имаме министер за земјоделство кој е најуспешен во Владата и се занимава повеќе од кој било со проблемите што особено го загрижуваат полошкиот регион.
Касами, исто така, изјави дека населбата Гам Гам е срцето на градот, но за жал, додаде, останала најоптоварена поради лошата патна инфраструктура и многуте проблеми поради лошото управување од Општина Тетово.
-На 17 октомври, не само Гам Гам, туку и целото Тетово ќе се ослободи од оваа беда што го зафати, а на чело на општината ќе дојдат луѓе кои имаат конкретни решенија и проекти за секој проблем како снабдувањето со вода за пиење, канализација, проблемот со кучиња скитници, рече Касами и посочи дека ова се елементарни проблеми за кои актуелната градоначалничката секогаш вели дека ги решила, а не се решени