дома Македонија КАСАМИ И СЕЛА ДАДОА МИСЛЕЊЕ ЗА НОВИОТ ПРЕДЛОГ: Треба да се искористи...

КАСАМИ И СЕЛА ДАДОА МИСЛЕЊЕ ЗА НОВИОТ ПРЕДЛОГ: Треба да се искористи моментот и да се отвори евроатлантскиот пат

Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија.

– За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти и ќе имате наш став по прашањето. Македонија е секуларна држава и по секоја цена тоа треба да се чува. Ако веќе сме имале проблеми кои датираат од третиот век пред нашата ера, не треба да се враќаме на 9-от век пред нашата ера, рече Села.

Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името.

– Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично сметам дека треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите, рече Касами.(МИА)