Касами: Собраќајот и паркинзите се главниот пpоблем за работењето на бизнисите во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево, лидерот на Движењето Беса, и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами одржа средба со граѓани и сопственици на продавници лоцирани на булеварот Илинден.
Лидерот на Движењето Беса, за време на дискусиите со граѓаните, ги презентираше своите идеи за тоа како може да функционираат и да бидат попрофитабилни бизнисите што постојат покрај овој булевар.
-Пренатрупаниот сообраќај и проблемите со паркирањето се главните пречки со кои се соочува овој дел од градот, кои директно влијаат врз работата на овие продавници лоцирани на овој булевар, рече меѓу другото лидерот на Движењето Беса.
Тетово, додаде, е на крстопат и време е за нова општинска филозофија, достојна за граѓаните.
-На Тетово му е потребен модел на општествен напредок кој обезбедува нов политички баланс, одржлив економски развој и во служба на граѓаните без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност. Тетовската економија се уште има потенциjална енергија. Ние ќе го обновиме моделот на економски развој и економска благосостојба преку општински проекти, капитални и странски инвестиции со цел намалување на невработеноста, особено за младите, истакна Касами

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This