дома Политика Касами: Ќе работиме на подобрување на градската инфраструктура за да има подобро...

Касами: Ќе работиме на подобрување на градската инфраструктура за да има подобро здравје на граѓаните

Претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник за Тетово, Билал Касами од денеска започна со серија дебати со лекари во врска со тоа што во иднина локалната власт може да го направи во поглед на јавното здравје.
Касами посочи дека локалната власт нема многу инегеренции во здравството, но сепак со активностите и одговорностите може многу да придонесе согласно девизата „подобро да се превенира отколку да се лекува“.
-Затоа денес разговараме со лекарите кои ни ги дадоа нивни сугестии што треба да направи локалната власт за подобро јавно здравје, за подобро здравје на сите граѓани во општина Тетово. Со наша поддршка ќе бидат дел од програмата за решавање на проблемите и подобрување на услови во живот и намалување на болестите. Сугестиите се однесуваат на подобрување на воздухот, на водата, подобрување на условите во градот за да се има повеќе прилики за физичка активност, со пешачење и други активности, планинарење. Потоа предлози за подобрување на делот за спорт на децата и учениците затоа што школството се во ингеренции на локална власт. Се предлага да се помагаат сите клубови во кои нашите деца тренираат, да се стимулира спортот и во Тетово да се градат затворени базени, со што ќе имаме физичко и ментално здравје, истакна Касами.
На трибината д-р Скендер Саити истакна дека без оглед на ингеренциите на општината за здравството, исполнувањето на главните постулати за здрав живот зависат од граѓаните