Кастриот Реџепи: Не спијам мирно, но мирна ми е душата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Кастриот Реџепи не се појави во Собрание за гласање недоверба на Владата.

На прашање синоќа во Клик Плус дали спие мирно после непојавувањето на собраниската седница на која требаше да се гласа недоверба на Влада, Реџепи посочи дека физички не спие мирно, но духовно да.

„Физички не, не спијам мирно. Но, духовно да. Мирна ми е душата. Знам какви ми се убедувањата и знам каква одлука донесов. Затоа спијам мирно. Имав и имам сериозни закани, но не им се плашам. Оваа држава мора да оди напред!“, порача Реџепи.

Тој вели дека на денот кога требаше да се гласа за недоверба на Влада, бил засолнет со семејството кај пријател.

„Имаше шпекулации дека сум во Бугарија, но и во Абу Даби. Јас бев во Скопје. Се засолнив кај еден пријател дома во Скопје. Мораше така, затоа што имаше голем број на закани. Се засолнив кај пријател со семејството. И мајка ми беше со мене. И се јавив на ќерка ми, која живее во Данска и кажав дека така мора да биде и дека телефоните ќе бидат исклучени“, вели Реџепи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This