Кастриот Реџепи со коментар за влегувањето на Алтернатива во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Кастриот Реџепи, прашан од ИНА каков ќе биде неговиот став за составот на владата веќе со Алтернативата, истакна дека во овој период пред предизвиците со ЕУ, на земјата и е потребна институционална и општа стабилност за да се соочи со пандемијата и предизвиците во енергетската сфера.

„Мојот став и акција беше да се обезбеди континуитет и стабилност во овој многу важен период за земјата и народот. Се наоѓаме во време кога се прават максимални напори да се добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. На земјата и е потребна институционална и општа стабилност за да се соочи со пандемијата и предизвиците во енергетската сфера. На крајот, би сакал да изразам жалење за индивидуалните постапки на некои мои поранешни сопартијци, кои без одлука на партиските органи, го исклучија Движењето Беса да биде протагонист во овие процеси како дел од прогресивните сили во овaмнозинство. Ова е невиден преседан“, нагласи пратеникот Реџепи за ИНА.

Тој додаде дека ќе продолжи да се ангажирам како пратеник и поединец за доброто на народот и државата, останувајќи на вистинската страна и во најкритичните моменти.

„Ги поканувам колегите пратеници од опозициските партии да се приклучат на мојата иницијатива Европа 21 и да бидат за поддршка на процесот на интеграција како актери, а не како гледачи“, рече Реџепи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This