дома Македонија Катица Јанева ја тyжи Русковска за kлевета, Русковска не се појави на...

Катица Јанева ја тyжи Русковска за kлевета, Русковска не се појави на poчиштето

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ја тужи Вилма Русковска, Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за клевета. Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржало ново рочиште на кое не се појавила обвинителката Русковска, но нејзиното присуство не е задолжително, поради што судењето се оддржало. Не се појавила ниту обвинителката Ивана Трајчева која требало да сведочи, пренесе фокус.

-На денешното рочиште сведочеа членови на Државниот завод за ревизија, изјави за Фокус, адвокатот Лазар Јанев, кој е и син на Јанева.

Тужбата се однесува на изјава на обвинителката Русковска, која во телевизиско гостување рече дека Катица Јанева во повеќе наврати земала пари за да повлече барања за притвор. Јанева негираше дека земала пари.

За „Рекет“ Јанева беше осудена на 7 годишна казна затвор, а две години повеќе доби Бојан Јовановски. Наскоро се очекува и Апелација да пресече за овој случај, односно дали ќе ја потврди првостепената пресуда, ќе ја преиначи или ќе ја укине и судењето ќе почне од почеток.