дома Актуелно КАТИЦА ЈАНЕВА БАРАЛА AПAHAЖА: Барањето до Собранието го доставила и лично, и...

КАТИЦА ЈАНЕВА БАРАЛА AПAHAЖА: Барањето до Собранието го доставила и лично, и преку aдвokaткaта Ирена Фрчковска

Бидејќи немаме рубрика „Верувале или не“, текстов ќе го оставиме во стандардната рубрика „Македонија“. Но, верувале или не Катица Јанева барала апанажа од Собраниската комисија за избори и именувања

 

Како што дознава „Инфомакс“, Катица Јанева, екс-шефицата на СЈО и сега обвинета во случајот „Рекет“ два пати испратила барање за апанажа до Собраниската Комисија за избори и именувања.

Првиот пат, Јанева барала надомест по истекување на мандат во износ од целата плата која ја добивала како шефица на СЈО – плата од речиси 5.000 евра – да ја добива и во наредната година.

Ова барање еднаш го доставила лично, а вториот пат преку нејзиниот правен застапник адвокатката Ирена Фрчковска.

А.Митовски