March 29, 2024, 11:25 am

КАТИЦА ЈАНЕВА БЕЗОЧНО ЛАЖЕ: Истите проблеми на Заев ги има и Катица – прво лаже па потоа безуспешно се вади!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со кого си – таков си, велат старите. Оваа народна мудрост им се потврди на сите кои внимателно ја следат не само дебатата во Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија, туку и случувањата на политичката сцена во земјава изминатите 13 месеци откако за Специјален јавен обвинител е избрана Катица Јанева.

katica_laze
Јанева, која одговара на прашањата од пратениците во врска со извештајот за работа на СЈО, слатко ги изнасмеа сите присутни избраници во законодавниот дом откако помисли дека може да излаже и изјави дека во 12-те проценти од разговори кои СЈО ги преслушало немало ниту еден разговор на Зоран Заев.

Вчера, во стил на оној кого го бранеше, Јанева се обиде неуспешно да се „испере“, па кажа дека во 12% од разговорите кои СЈО ги преслушало нема разговор во кој Заев чини криминално дејство, а дека го има низ разговорите.

Вистинското прашање после овие скандалозни изјави е зошто Каица Јанева пред очите на јавноста се обиде да го сокрие Заев? Одговорот, за оние кои ги следат случувањата повнимателно, е повеќе од јасен. Спрегата Заев-Јанева досега во многу наврати покажала координирани настапи, нарачки и реализации, а оваа е очигледно уште една од нив.

Тука треба да се бараат причините за многу нискиот рејтинг на СЈО кој после овие неколку дена во кои Јанева потполно ја изгуби контролата, ќе биде уште понизок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This