дома Хроника КАУБОЈСКИ ГРАБЕЖ НА БАНКА: Попладнево извршен грабеж во ескпозитура на Стопанска Банка...

КАУБОЈСКИ ГРАБЕЖ НА БАНКА: Попладнево извршен грабеж во ескпозитура на Стопанска Банка во Аеродром!

Непознато лице денеска извршило оружен грабеж во експозитура на Стопанска банка во Аеродром, на улица „1613“, потврдија од МВР за МИА.

– Околу 11:30 часот е пријавено дека од страна на непознато лице со огнено оружје извршено е разбојништво, при што е одземена одредена сума на пари, изјави портпаролот на МВР Лиза Бендевска.

Засега не се соопштува колкава сума пари е украдена.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.