КАФУЛЕТО ВО ПРИЛЕП ЗАПАЛЕНО ВО РЕКЕТАРСКА ШЕМА: Сопственикот на запаленото кафуле во Прилеп потврди дека се работи за рекетарска шема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прво упорно барал средби, а потоа наредил него и уште 20-тина луѓе да ги служат храна и пијалок без да платат за истите.

Сопственикот на опожарениот „The Gallery House Pub“ тврди дека лицето кое му го запалило објектот, претходно барало рекет од него. Со ова, сопственикот на кафулето ја потврди информацијата за рекет во кој бил вмешан и министерот Сугарески.

Прво упорно барал средби, а потоа наредил него и уште 20-тина луѓе да ги служат храна и пијалок без да платат за истите.

-Детево упорно 4-5 пати инсистира да се видиме тогаш. Јас му велам „Не може, треба да се видиме на 2-ри јануари“. Лицето тогаш ми се претставува кое е, Никола Трајковски мислам, Коколо што се вика, и ми вика дека од денеска морам 20-25 души секој ден да им наместам маса да јадат и да пијат без пари, дека се ќе биде на мој трошок, дека чека од важни луѓе дозвола да го рекетирал цел град и дека од денеска ништо нема да биде исто, истакна тој.

Видеото го објави телевизија Канал Визија, а под него е напишан и еден коментар од граѓанин кој гласи:

„Очигледно е. Народот има кратко помнење. Заборавил на практиката на владеење на СДСМ – пот и камшик за народот. Рекет за стопанствениците и формирање на елита која ќе решава за живот и смрт на секој граѓанин“.

Според прилепската чаршија, пожарот бил подметнат, а пироманот е истото лице кое пред две години во рамки на т.н. шарена револуција ја искрши општинската зграда. Истото лице, пред да го подметне пожарот во кафулето бил забележан во една од познатите прилепски пицерии во друштво на член на обезбедувањеото на СДС – извесен Дадо, со кој заедно претепале човек. Пицеријата во која се случил инцидентот исто така е во сопственост на лице, симпатизер на СДС.

Интригите не завршуваат тука, сопственикот на запаленото кафуле претходно неколкупати бил претепан и често малтретиран бидејќи претставувал конкуренција на кафулето „Табу“ сопственост на министерот Сугарески, кој пак од неодамна започнал на диво да гради тврда градба како летна тераса на кафулето и тоа во старата чаршија која е заштитено подрачје.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This