дома Македонија КАЦАРСКА: Новите осомничени не може да се приклучат во другиот предмет за...

КАЦАРСКА: Новите осомничени не може да се приклучат во другиот предмет за 27 април

Апсолутно во оваа фаза не може да стане збор за дополнување на едниот случај за 27 април со нови оcомничени, помината е таа фаза каде би можело да има проширување, вели судијката Добрила Кацарска.

Таа е претседател на судечкиот совет во случајот „27 април“, каде осомничени беа 33 лица, а по амнестијата останаа само 17. Случајот кој го води таа е пред самиот крај, завршни зборови треба да дадат само уште четворица обвинети, а тоа може да заврши уште утре за кога е закажано рочиште. Пресуда, Кацарска најавува за недела дена бидејќи вели иако пресуда треба да се изрече за три дена, сепак станува збор за обемен и сериозен предмет за кој ќе треба повеќе време да се подготви пресудата.

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој го спомна поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека координирало на 27, не може да се спогоди.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека тој во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.

– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам – истакна Кацарска.

За новата истрага на обвинителството таа не сакаше да коментира бидејќи не е запознаена.