дома Македонија КАЈ МИРАВЦИ ПРОНАЈДЕНИ 14 МИГРАНТИ: Дали е на повидок нова мигрантска криза?

КАЈ МИРАВЦИ ПРОНАЈДЕНИ 14 МИГРАНТИ: Дали е на повидок нова мигрантска криза?

Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија – Скопје.

Како што соопшти МВР, полицијата најпрво го забележала, а потоа и тргнала по возилото „Хонда“ во кое биле мигрантите. Се движело кон Скопје со голема брзина, имало скопски регистарски таблички, а со него управувал Р.Ф. (41) од скопското село Сингелиќ. Во еден момент, „хондата“ застанала, мигрантите излегле од неа, по што продолжила да се движи, но за кратко време е сопрена.

Р.Ф. е лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, мигрантите се преземени за натамошна постапка.

Да се потсетиме дека само пред два дена воз удри во двајца мигранти во близина на влезот во железничката станица Смоквица. Се работеше за патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје. Дали зголемената фрекфенција на мигранти значи дека во Македонија на повидок е нова мигрантска криза.