April 24, 2024, 10:23 am

Кај Oвeнoт ce cтaбилизиpa пoлeтo нa финaнcии, нa Близнаците им e вaжнo дa ce пoкaжaт вo нajдoбpo cвeтлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен

Работа: Се стабилизира полето на финансии и сметате дека конечно сте на вистинскиот пат кога е во прашање работното поле. Не би требало да имате некои поголеми грижи и проблеми

Љубов: Не сте претерано дипломатични, го кажувате тоа што го мислите и очекувате саканата личност да ве прифати такви какви што сте. Можете да очекувате добар однос со саканата личност.

Здравје: Водете грижа за уринарниот тракт, генерално не би требало да имате поголеми проблеми.

БИК

Работа: Ве очекува потпишување договор кој може да ви донесе значителни смени на работен план. Доколку се потрудите да го исполните својот дел од договорот, ќе имате добар профит.

Љубов: Доколку планирате брак со моменталниот партнер/ка, денешниот ден е поволен за веридба или објавување на одлуки. Пред вас се убави моменти на емотивното поле.

Здравје: Нагласена склоност кон иритација на кожата, потребно е да ја негувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Многу ви е важно да се покажете во најдобро светло пред своите колеги и соработници. Ако оставите добар впечаток, од тоа ќе имате голема корист.

Љубов: Навикнати сте на чести промени и не сакате статичност ни кога сте сами, ни кога сте со партнерот. Од него очекувате да пронајде нови начини за да ве забавува.

Здравје: Моментално сте малку чувствителни, па затоа погрижете се за вашето здравје. Препорака: Одете на редовна лекарска контрола.

РАК

Работа: Имате доста слободно време и во текот на денешниот ден не сте ни малку оптеретени со работата. Не би требало да имате грижи или проблеми.

Љубов: Разговор со личноста која ви се допаѓа може да ве довее до зближување и нови, интимни настани меѓу вас. Ќе уживате во почетокот на новата врска која е пред вас.

Здравје: Одлична состојба на ова поле. Нема причина за да бидете загрижени.

ЛАВ

Работа: Ве очекува подобрување доколку се занимавате со приватна работа. Пред вас е изразено поволна фаза за заработка. Можете да се надевате на добра ситуација.

Љубов: Доколку сте во брак, ве очекува заладување на односот меѓу вас и саканата личност. Сепак, се може да се реши доколку се потрудите да бидете нежни кон неа.

Здравје: Прилично чувствителен стомак, малку повеќе обрнете внимание на исхраната.

ДЕВИЦА

Работа: Лесно ќе успеете да ги убедите соработниците да ги прифатат вашите идеи и решенија како најдобри и најпрактични. Многу сте вешти и имате добри способности за преговарање.

Љубов: Знаете што сакате на емотивен план и не се откажувајте од своите цели. Можете да очекувате да ви се исполнат желбите кои сте ги имале и ќе бидете задоволни.

Здравје: Избегнувајте цигари.

ВАГА

Работа: Материјалната состојба значително ќе ви се подобри во наредниот период, не се грижете премногу. Можеби сега ви се чини дека сте во застој, но брзо се ќе застане на свое место.

Љубов: Нема да имате поголеми промени на ова поле, иако можеби сте посакувале. Потребно е уште некое време за да се појави вистинската личност. До тогаш посветете се на себеси и своите потреби.

Здравје: Поволен период за слабеење.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекуваат нови настани и промени на ова поле. Ќе ви биде потребно време за да се прилагодите на ситуацијата која ви се појавила, но нема да имате поголеми проблеми.

Љубов: Имате чувство дека со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што навистина имате. Важно е да поразговарате. Бидете отворени и кажете го своето мислење.

Здравје: Уморни сте. Пронајдете малку повеќе време за одмор и регенерација.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е вас да не ви е лесно да го покажете полниот потенцијал во моменталното работно опкружување. Планирате промени и тие ќе ви дојдат побрзо отколку што очекувате.

Љубов: Затворени сте во себе и не сте спремни да пуштите нова личност во своето срце. Потребно ви е некое време емотивно да се „регенерирате“. Во тоа нема ништо погрешно.

Здравје: Имате вишок енергија и денес ќе ви годи додатна физичка активност.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува прилика да обновите комуникација со личност со која сте имале одлична работна соработка. Можно е повторно да покренете заеднички проект.

Љубов: Ви се додворува личност која сте ја запознале неодамна. Можно е да овозможите прилика подобро да се запознаете. Доколку така направите, ви следи и врска во наредната фаза.

Здравје: Без поголеми проблеми на ова поле.

ВОДОЛИЈА

Работа: Немојте да носите важни одлуки кога сте под притисок или кога лошо се чувствувате. Почекајте малку „прашината да легне“. Се ќе биде во ред.

Љубов: Ви одговара самотијата. Имате впечаток дека нова врска во овој момент само емотивно би ве исцрпела. Сакате да се посветите на своите потреби и да поработите на некои лични дилеми.

Здравје: Ви одговара да бидете активни. Ќе се чувствувате подобро доколку сте опкружени со пријатели и драги личности.

РИБИ

Работа: Важно е на вистински начин да се поставите во комуникацијата со своите соработници. Доколку го направите тоа што ви е неопходно, ќе остварите успех.

Љубов: Ве очекува нов почеток на ова поле. Следи познанство со личност која многу ќе ви значи во иднина и со која би можеле да имате убави моменти.

Здравје: Можно воспаление на мускулите по физичка активност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This