дома Занимливости КЕЈТ МИДЛТОН ВО НАЈОПУШТЕНО ИЗДАНИЕ ДОСЕГА: Играла криенка со децата, се криела...

КЕЈТ МИДЛТОН ВО НАЈОПУШТЕНО ИЗДАНИЕ ДОСЕГА: Играла криенка со децата, се криела во паркот, боела со раце!

37-годишната војвотка по забавното играње со најмалите, и’ се придружила на повозрасната група со која ги разгледала знаменитостите на паркот.

Војвотката од Кембриџ вчера ги посетила децата извидници и со нив уживала во играњето криенка и криењето низ паркот.

За дружењето со најмалите, Кејт Мидлтон облекла комплетно peциклиpaна, но практична комбинација за ваквото дружење.

За стогодишнината на паркот Џивел, Кејт облекла јакна Barbour, црвен џемпер J. Crew, омилените чизми од брендот Chloe, темни фармерки, а изгледот го надополнила со шарена извидничка марама.

Кејт ја носела косата пуштена со благи бранови, класична шминка и златни обетки.

За време на посетата, Кејт си играла со децата, се смеела додека се криела со едно од децата во бункерот што го направиле надвор од гранки и листови.