дома Спорт Кикбокс Маитаи федерацијатa на Македонија во полн состав ќе се натпреварува во...

Кикбокс Маитаи федерацијатa на Македонија во полн состав ќе се натпреварува во Србија

Кикбокс Маитаи федерација на Македонија во полн состав со вкупно 14 клубови замина на меѓународен кикбокс куп натпревар “Трофеј Београда” во Белград, Србија од 23-25.04.21.

-И покрај корона пандемијата која го тресе светот, и покрај тоа што кикбоксот како индивидуален боречки спорт заедно со останатите слични спортови селективно е обесправен и има забрана за тренинг и натпревари во нашата земја, нашата федерација со тим од вкупно 90 натпреваруваци и тренери од сите клубови ќе уцествува на ова првенство и ќе ја претстави нашата земја достоинствено, онака како што доликува.

Со ова селективно затварање на нашите сали и забрана за тренинг и организација на натпревари, покрај тоа што сме дискриминирани, истовремено се оштетени кикбокс натпреварувачите, тренерите, клубовите, федерацијата и секако нашата джзава.

Се соочуваме со ризик од повреди и лош пласман на престојните мегународни европски и светски првенства кои се од голема важност и за кикбоксот и за македонскиот спорт во целина.

Во текот на денешниот ден се борбите, но и покрај се, се надевам дека ке прикажеме добри борби, ќе освоиме многу медали и најважно од се да немаме повреди кај натпреваруваците – истакна претседателот и селектор на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија – Дејан Митровски-Урко.