дома Свет Ким Јонг Ун пoгyби миниcтep пopaди тoa штo yчecтвyвaл вo мaлкy видeo-конфepeнции

Ким Јонг Ун пoгyби миниcтep пopaди тoa штo yчecтвyвaл вo мaлкy видeo-конфepeнции

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун погубил висок функционер од власта, поради тоа што тој имал многу мал број на видео повици, јавуваат светските медиуми.

Високопозиционираниот министер од областа на образованието, чиј идентитет не е познат, бил осуден на смрт после истрагата која утврдила дека неговиот департман немал задоволувачки напредок и воспоставен систем за учење на далечина, пренесува „Мирор“.

Министерството за образование не покажало никаков прогрес, а поединци ја критикувале и одлуката на владата. Освен тоа, членови на министерството се жалеле на „количината на работа“, а како најголем проблем се истакнува тоа што министерството не успеало да воведе учење на далечина како што се очекувало.

После погубувањето на министерот, поставена е нова комисија под водство на Ри Гук-Чол, ректор на Универзитетот Ким Ил Сунг.