дома Свет КИМ ЏОНГ УН ВО ПОСЕТА НА РУСИЈА: Кон крајот на април рускиот...

КИМ ЏОНГ УН ВО ПОСЕТА НА РУСИЈА: Кон крајот на април рускиот претседател ќе се сретне со Ким Џонг Ун!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кон крајот на април ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, соопштија од Кремљ.

Точниот датум на посетата сеуште не е објавен. Се чека потврда од Северна Кореја пред да се излезе со соопштение. Тогаш ќе се објави и местото на состанокот.

Портпаролот на Кремљ веќе објави дека се при крај подготовките за пречекот на севернокорејскиот лидер.