Ким Џонг-Ун пpизнa дeкa ce cлyчилa „гoлeмa kpизa“ пoвpзaнa co пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека високи функционери пропуштиле да ги спроведат владините одлуки поврзани со пандемијата на коронавирусот, што довело до „голема криза“, oбјави во средата државната новинска агенција KCNA.

На седницата на владејачката Работника партија на Кореја во вторниот, Ким Џонг-Ун обвини високи функционери да не ги спровеле одлуките кои ги донела партијата за да одговори на здравствената криза, доведувајќи го земјата и нејзините граѓани во опасност, пренесува агенцијата.

Ким ги обвинил високите функционерите и за недостиг од способност и недоговорност, и ги повика да преземат силна странчка кампања против идеолошките грешки и сите видови негативни елементи меѓу партискиот кадар. Во извештајот на KCNA нема подетално објаснување за што станува збор.

Самоизолираната од светот Северна Кореја досега официјално не објави дека е регистриран ниеден случај на зараза со коронавирусот, но наводно ги засилила мерките за здравствена на заштита уште пред крајот 2020 година.

Јужнокорејската разизнавачка агенција NIS, објави дека Ким спроведува „ирационални мерки“ за сузбивање на пандемијата, извести претходно службената јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This