дома Свет Кина ги oтфpли kpитикитe нa Cтejт дeпapтмeнтoт зa тpгoвиjaтa co лyѓe, пoвикa...

Кина ги oтфpли kpитикитe нa Cтejт дeпapтмeнтoт зa тpгoвиjaтa co лyѓe, пoвикa САД дa paзмиcлaт за coпcтвeните пpeкpшyвaњa нa чoвeкoвитe пpaвa

Пекинг ги отфрли обвинувањата дека не успеал да ја запре трговијата со луѓе и соопшти дека Вашингтон нема право да критикува, особено поради историјата на расна дискриминација во САД.

Кина е меѓу 17. земји кои во последниот извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе се оценети дека не правиле доволно во борбата против трговијата со луѓе и на кои им се закануваат американски санкции.

Во извештајот САД ги смести 17-те најавторитарни држави во третото ниво на категоризација поради тоа што не ги исполнуваат минималните стандарди за запирање на „нехуманиот циклус на дискриминација и неправда“ – изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на презентацијата на извештајот.

Меѓу другите земји во оваа група на авторитарни држави се и Малезија, Русија и Никарагва.

Ние силно се спротивставуваме на неоснованите обвинувања на САД против Кина темелени на лаги и гласини. САД не се во позиција да мавтаат со стапот за човекови права – одговори портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, обвинувајќи го Вашингтон за „клеветење на Кина“ и мешање во нејзините внатрешни работи.

Ванг ја наведе американската злоупотреба на Афроамериканците и американските домородци и известува дека малку луѓе, кои биле прошверцувани во САД заради присилна работа, биле спасени.

САД треба да размислат за сопствените прекршувања на човековите права и да ги поправат, како што се геноцид, расна дискриминација и принудна работа – изјави Ванг.

Третото ниво на категоризација на извештајот на Стејт департментот за човекови права во светот за 2021 година ги вклучува Авганистан, Алжир, Кина, Коморите, Куба, Еритреја, Гвинеја-Бисао, Иран, Малезија, Мјанмар, Никарагва, Cеверна Кореја, Русија, Јужен Судан, Сирија, Туркменистан и Венецуела.