дома КОВИД-19 (Коронавирус) Кина зaтвopи 2,9 милионски град поради 19 случаи на ковид-19

Кина зaтвopи 2,9 милионски град поради 19 случаи на ковид-19

DALIAN, CHINA - JULY 29: A worker wearing a protective suit sprays disinfectant at a closed residential community on July 29, 2020 in Dalian, Liaoning Province of China. (Photo by Yang Yi/China News Service via Getty Images)

Властите во јужниот кинески град Путиан (Пујанг), им забранија на жителите да го напуштаат градот, го прекинаа автобускиот и железничкиот сообраќај и ги затворија кината, баровите и другите јавни места, за да спречат ширење на заразата откако беа регистрирани нов заболени со ковид.

Во изминатите 24 часа, во Путиан, се регистрирани 19 новозаразени лица за кои се верува дека се локално заразени, објави во саботата Националната здравствена комисија.

Еден случај на инфекција е пријавен во Чангжу, исто така во провинцијата Фуџијан.

Секој што треба да го напушти Путиан, град со 2,9 милиони жители во провинцијата Фуџијан јужно од Шангај, поради неопходното патување, мора да достави доказ за негативен тест за коронавирус во последните 48 часа, објави градската власт.

Властите велат дека повеќето нови епидемии може да се поврзат со лица кои пристигнуваат од Русија, Мјанмар и други земји.

Првите случаи на инфекција во Путиан се студенти од округот Ксиан, но експертите се сомневаат дека инфекцијата потекнува од таткото на еден од учениците што се вратил од Сингапур на 4 август, пишува весникот „Глобал тајмс“.