дома Свет Кина соопшти дeка е пoдгoтвенa зa диjaлог co нoвaтa aвгaниcтaнскa влaдa

Кина соопшти дeка е пoдгoтвенa зa диjaлог co нoвaтa aвгaниcтaнскa влaдa

Кинеските власти се подготвени за дијалог со новата авганистанска Влада на талибанците, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ван Вaнбин.

– Подготвени сме да одржуваме дијалог со раководството на новата авганистанска Влада, рече тој на брифинг.

Кинеските власти се надеваат дека Владата формирана од талибанците во Авганистан ќе биде толерантна и ќе им се спротивстави на терористите.

– Се надеваме дека привремената влада во Авганистан ќе биде толерантна и ќе се спротивстави на тероризмот, рече Ванбин.