Кина со оcтpa реакција на изјавата на Палмер: Американците да се грижaт за нивните односи со Црна Гора, а не да се мешаат во односите на земјата со Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската амбасада во Подгорица остро ја критикуваше изјавата на американскиот помошник државен секретар Метју Палмер, кој за време на престојот во Подгорица ги повика црногорските власти да бидат претпазливи во соработката со Кина.

„Пријателските односи меѓу Кина и Црна Гора се засноваат на меѓусебно почитување и еднаквост, а економските и трговските односи се на доброволна основа и заемна корист. Кина го поздравува развивањето и продлабочувањето на односите на Црна Гора со трети земји, но нема да гледа како други земји ги критикуваат односите меѓу Кина и Црна Гора“, рече кинеската амбасада.
Реакцијата се однесува на изјавата високиот американски функционер Метју Палмер, кој ја повика црногорската страна да биде внимателна во деловните односи со Кина, што во суштина е исто како кога високиот американски функционер за време на неговата посета на регионот во 2019 година неосновано се спротивстави на соработката меѓу Кина и земјите регионот.

„Американските официјални лица треба да водат сметка за нивните односи со Црна Гора и да се грижат помалку за работите меѓу Кина и Црна Гора“, соопшти кинеската амбасада.

Реакцијата на кинеската амбасада уследи откако Палмер го предупреди министерот за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ „да биде внимателен во справувањето со Кина“ за време на неговата вчерашна посета на Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This