Кина ќе прави џиновски парк за панди со површина од 26.000 км2

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина најави дека собрала околу 1,6 милијарди долари средства за изградба на масивен резерват за панди кој ќе помогне да се сопре истребувањето на животните. Giant Panda National Park ќе има површина од 26.000 км2, односно ќе биде двапати поголем од паркот Јосемити во Сиера Невада или трипати поголем од националниот парк Јелоустоун. На планинските предели пандите ќе можат да живеат и да се размножуваат без човечки допир.

Паркот ќе зафаќа од провинциите Сишуан, Гансу и Шаанџи. Сите 2.000 диви панди во светот живеат во овие провинции, од кои 80% во Сишуан. Пандите во провинциите моментално се изолирани едни од други, но паркот ќе овозможи сите да живеат заедни и да се репродуцираат, пренесува Inhabitat.

Кина плановите за изградба на паркот ги објави минатата година, но проектот немаше доволно средства за да се реализира. Банката на Кина и Министерството за шумарство на провинцијата Сишуан заедно овозможија да се реализира изградбата на паркот во текот на наредните пет ходини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This