„Кинеската морнарица ќе гради вoeна база на Атлантикот“: Американските медиуми тврдат дека Пекинг „ѕвечка со opyжје“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина има намера да ја изгради првата поморска база во Атлантскиот Океан, што и дава можност да распореди воени бродови на источниот брег на САД, јавуваат американските медиуми.

Пекинг планира да изгради воена база во Екваторијална Гвинеја, земја со 1,4 милиони жители на западниот брег на Африка, тврди „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани американски претставници запознаени со разузнавачки служби.

Кина размислува за изградба на база во Бата, град во кој веќе има кинеско трговско пристаниште за бродови , пишуваат американските медиуми.

Воената база може да се користи за одржување и вооружување на кинески воени бродови, кои би „ѕвечкале со оружје“ пред Вашингтон, пишува Wall Street Journal.

Според официјалниот претставник, Белата куќа ја предупреди Екваторијална Гвинеја дека „одредени можни потези во кои е вклучена кинеската активност може да го покренат прашањето за националната безбедност на САД“.

Ниту Кина, ниту Екваторијална Гвинеја не се изјаснија за ова прашање, но кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји пред еден месец во Сенегал имаше средба со својот африкански колега Симеон Ојоно Есоно Анжем, пренесува RT.

Кинескиот државен весник „Глобал тајмс“ неодамна објави дека би било „незамисливо“ Пекинг да се впушти во „стратешка игра на големите сили“ во Атлантикот, но додаде дека Кина инвестирала многу во Африка и планира да се бори со пиратите во Африка.

„Ако Кина постави поморска станица за снабдување , таа би имала поинаква цел отколку што замислуваат САД. Тоа би било од корист за регионот без да му наштети никому“, напиша тој во коментар за Глобал Тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This