„Кинескиот змеј“ се разбуди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економијата на Кина може да расте годинава и очекуваме (економската) активност да се опорави во прифатлив опсег следната година“, рече Ли Кечијан-конференција со лидерите на шест водечки меѓународни економски и финансиски организации, вклучувајќи ги Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Кинеската економија, втора по големина во светот, забележа раст од 0,7 проценти во периодот јануари-септември 2020 година на годишно ниво, со БДП во третиот квартал да порасне за 4,9 проценти во споредба со претходната година.

„Ќе го отвораме пазарот уште повеќе и апсолутно нема да го бркаме трговскиот суфицит“, додаде Ли, инсистирајќи на тоа дека Кина ќе стави еднаков акцент на увозот и извозот затоа што сака да постигне рамнотежа во трговијата.

Тој додаде дека Пекинг ќе овозможи потрошувачката да има „водечка улога“, додека инвестициите ќе имаат „поефикасна улога“.

Оваа година, Кина претстави стратегија за „двојна циркулација“ за да ја намали зависноста од странските пазари и технологии во својот долгорочен развој. Земјата рече дека ќе се потпре главно на „внатрешната циркулација“, односно домашниот циклус на производство, дистрибуција и потрошувачка, поддржан од иновации и економско подобрување.

На тркалезната маса со лидерите на шест светски институции, на која присуствуваа Светската трговска организација (СТО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Ли рече дека Кина ќе продолжи да води активна фискална политика и стабилна монетарна политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This