дома Македонија КИРАЦОВСКИ ВЕЛИ НЕ Е OCOMHИЧЕН ВО PEKET: Никој не ми се јавил,...

КИРАЦОВСКИ ВЕЛИ НЕ Е OCOMHИЧЕН ВО PEKET: Никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто

Пратеникот Александар Кирацовски вели дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.

-Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто, изјави Кирацовски за „Фокус“.

Тој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.