дома Македонија Кирацовски и Ременски не се потпретседатели зашто им завршил мандатот, не заради...

Кирацовски и Ременски не се потпретседатели зашто им завршил мандатот, не заради мува на капата

Премиерот Зоран Заев по Централниот одбор на партијата изјави дека верува оти нема гршки кај високи функционери на СДСМ врзани за случајот „Рекет“. Тој потенцира дека сите треба да внимаваат да не го кршат законот, без разлика кои се.

Тој ова го изјави на новинарско прашање зошто во потпретседателскиот тим на СДСМ не се пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Премиерот верува дека за „Рекет“ нема инволвирани луѓе од партијата, но ако за некого има докази, вели секој треба да одговара.

Реков, ако некој биде осомничен партијата ќе постапи принципиелно, верувам дека никој не згрешил. Одлуките се донесени одпорано тие остануваат во партијата. Ременски и Кирацовски не се оти мандатот им заврши, тие се членови на ЦО, Ременски е на ИО – изјави Заев.