дома Македонија КИЧЕВО СО ИЗЛЕЗЕНОСТ ВО РАМКИ НА ПРОСЕКОТ: Во оваа општина излезеноста е...

КИЧЕВО СО ИЗЛЕЗЕНОСТ ВО РАМКИ НА ПРОСЕКОТ: Во оваа општина излезеноста е 13 проценти

Во Општина Кичево излезеноста е во рамки на просекот од претходните изборни процеси што се одвивале на територијата на оваа општина. Во оваа општина излезеноста е 13 проценти.

-Во нашата општина до 13 часот своето право на глас го оствариле 6.500 избирачи или 13 проценти. Инаку сѐ уште има граѓани кои поради истечена лична карта или документ за идентификација, не можат да го остварат своето гласачко право, рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК-Кичево додавајќи дека право на глас имаат вкупно 5.0296 гласачи на 115 избирачки места.