дома Хроника Кичеец се спогодил и добил само шест месеци затвop за сообраќајката во...

Кичеец се спогодил и добил само шест месеци затвop за сообраќајката во која зaгинa едно лице

Зоран Милески Кичеец осуден за случајот Рекет кој учествуваше во сообраќајна несреќа за време на отсуство од затвор во која загина едно лице, и за овој случај се спогодил.

Кичеец добил шест месеци затвор за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, а загина едно лице, објави „А1он“.

Оваа казна му е изречена врз основа на спогодба која ја склучи со Обвинителството, а ја прифати надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна летна, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена и спогодба.