дома Македонија Клacтep во затвopoт во Штип: Mиткo Чaвkoв пoзитивeн на Koвид 19

Клacтep во затвopoт во Штип: Mиткo Чaвkoв пoзитивeн на Koвид 19

Коронавирусот забрзано се шири во затворот во Штип дознаваме од наши извори. Речиси цели затворско крило во оваа Казнено поправна установа е зафатено од вирусот.

Дознаваме дека се заразени пет осудени лица, а меѓу заразените е и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, но има и тројца заразени затворски чувари.

„Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица“, вели директорот Мики Тодоров за порталот СДК.

Митко Чавков не корист викенд, па многу веројатно бил заразен од некој од вработените во затворот.

Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.

Во текот на вчерашниот ден биле тестирани повеќемина вработени во затворот, но и затвореници.

Чавков беше неправедно осуден на казна од 16 години, осуден во март 2019, за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок.