дома Хроника Книга на жалост за Есма Реџепова утре во Градското собрание

Книга на жалост за Есма Реџепова утре во Градското собрание

Во салата на Советот на Град Скопје, утре во 11 часот, ќе се одржи комеморативна седница за Есма Реџепова Теодосиевска, позната македонска пејачка, текстописец и хуманитарка, и актуелен советник во Советот на Град Скопје, којашто почина денеска, 11 декември, на 73-годишна возраст.

Во салата на Советот на Град Скопје ќе биде отворена и книга на жалост.