дома Македонија Ковачевски: Драго ми е што можам да дадам личен придонес во иницијативата...

Ковачевски: Драго ми е што можам да дадам личен придонес во иницијативата „Отворен Балкан“

Заменик министерот за финасии и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на неговиот фејсбук профил изрази задоволство што може непосредно да се запознае со иницијативата „Отворен Балкан“ и да даде свој придонес.

-Чест ми што вечерва првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан“. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот. Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес, пишува Ковачевски на фејсбук профилот на кој е објавена и фотографија од заедничката средба во Елбасан на премиерот Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и домаќинот албанскиот премиер Еди Рама.

Македонскиот премиер Заев и српскиот претседател Вучиќ денес и утре присуствуваат на официјлната вечера заедно со делагациите на трите земји, во кои се министри и заменици министри, претседателите на трговско-индустриските комори, вишиот советник на Атлантскиот совет Џим О’Брајан, како и потпретседателот на Фондацијата Отворено општество, Алекс Сорос.