Моменталниот распоред на пратенички мандати во собранието не го рефлектира актуелниот став на граѓаните, кој беше изразен на 31 октомври, рече Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието, во вечерашното гостување на Телевизија 21 во емисијата „Клик Плус“.
Владата е делегитимирана на последните избори, составот на ова актуелно мнозинство не ја рефлектира јасно изразената волја на граѓаните на локалните избори и затоа потребни се нови предвремени парламентарни избори, посочи Ковачки.
А согласно резултатот од последните избори јасен е заклучокот дека владата е делегитимирана и дека се потребни брз предвремени парламентарни избори.
Тој укажа дека барањето за предвремени парламентарни избори не е авантура туку тоа е реалност. Во моментов се наоѓаме во неколку кризи и енергетска, економска и здравствена криза. Состојбата во која што е доведена државата до овие кризи е токму од моменталната власт на СДСМ и ДУИ и затоа ВМРО-ДПМНЕ кажува дека тие не можат да бидат решение на тие проблеми, затоа што тие се оние кои што тие проблеми ги создале.
Потребно е да се рефлектира волјата на граѓаните која што беше рефлектирана на 31ви октомври од страна на граѓаните за брзи предвремени избори се со цел за целосно воспоставнување на стабилна Влада, заклучи Ковачки.