March 29, 2024, 10:32 am

Ковачки: Засега само Мицкоски има поднесено кандидатура за претседател на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, изјави дека Христијан Мицкоски има кредибилитет да продолжи да ја води партијата и во иднина, како и тоа дека тој е единствениот кој засега поднел кандидатура за оваа позиција.

Засега само претседателот Мицкоски ја има објавено кандидатурата. Не можам да шпекулирам за други кандидати, но факт е дека Мицкоски со резултатите од локалните избори го освои и легитимитетот и има потполн кредибилитет да продолжи понатаму да биде наш претседател, изјави Ковачки.

Внатрепартиските избори за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржат на ист датум како и оние за претседател на СДСМ, на 12 декември.

Ковачки зборуваше и за актуелната политичка состојба во земјава и порача дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека во земјава се неопходно предвремени парламентарни избори.

Ние бараме избори веднаш значи што побрзо се случат толку подобро за државата, не само доколку одиме себично ние како партија тогаш би биле неискрени кон граѓаните. Затоа што себично е ако гледаме, нас ни одговара оваа состојба да продолжи да кажеме од партиска гледна точка виза ви Социјалдемократскиот сојуз. Меѓутоа она што се однесува за граѓаните и што го кажуваме, што побрзо заминат СДСМ и ДУИ и дојде нова структура компетентна, стручна која што ќе може да најде решение на проблемите ќе биде подобро за граѓаните. Според мене најдобро е да се оди, односно да се почитуваат Уставот и законите и во најбрз можен рок да се тие избори реализираат. Сега сме веќе месец декември, така да пролет од прилика е убав термин за нови предвремени парламентарни избори, нагласи Ковачки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This