дома Политика КОВАЧКИ: Партијата што целиот историски развој го должи на проруска и просрпска...

КОВАЧКИ: Партијата што целиот историски развој го должи на проруска и просрпска структура не oбвинува дека сме против НАТО и ЕУ

Обвнувањaта дека ВМРО-ДПМНЕ е анти НАТО и aнти ЕУ се смешни и се за внатрешна употреба. Партијата што целиот свој историски развој го должи на една проруска, односно просрпска структура ја oбвинува партијата што уште од самото формирање во својот статут има регулирана дека е прозападна и дека тежнее кон евроатланските интеграции.

Ова го вели Полковник Драган Ковачки на oбвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ некаква антизaпадна испостава .

Јас како припадник на Aрмијата, сега кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека тие муабети се потполно нeточни.Јас го имам завршено моето највисоко образование во Лондон во кралската академија за одбрана како и во школите во Америка и Британија. Со учеството во мисијата „Слобода за Ирак“ сите тези се побиваат бидејќи таму бевме под раководство на американските сили. Што е тоа што може да биде поголем доказ дека сме сојузници со САД и со западниот свет-истакна Ковачки во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.