Ковачки: Секогаш кога СДСМ е исплашен, Шекеринска се заканува- Среќна Нова ‘49-та

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога СДСМ е исплашен, Шекеринска се заканува. Сега се заканува со дисциплински постапки.
Среќна Нова ‘49-та!, пишува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Па и закон ќе менувале за да ги спречат слободата на говорот и правото на јавен настап. Срамота, 30 години во политика, а да не се познаваат темелните вредности на Уставот. Ставањето на Вашите лични интереси во институционална рамка е неприфатливо. Шекеринска во доза на нервоза, во своја одбрана повторно изнесува интерни состојби и процеси кои не се за јавна употреба. Ова е уште еден доказ дека за лична промоција и партиски напад, користи службени информации. Мислам дека сега нема потреба од нервоза, вели Ковачки и додава:

„Нервоза требаше да има кога ја загрозивте безбедноста на државата со јавно објавување на класифицирани документи, а ниедна институција не поведе постапка за тоа. Тука требаше да е нервозата, затоа што системот го разградивте и го ставивте под партиска палка. Поразително! Нервоза требаше да има кога ни враќаа луѓе од НАТО, а кои беа Ваш предлог. Од една страна служиме за подбив кај сојузниците, а од друга страна на нас гледаат со недоверба. Нервоза треба да има кога на листата на најмоќни светски воени сили, сме рангирани 6 ама отпозади. Под Ваше раководство сме појаки од Суринам. Честитки! Законите важат за сите подеднакво, нема потреба од нервоза, тука нема ништо лично. Тој што прекршил закони, треба да одговара, а не да дефокусира со лични напади и закани. Неумесно е, нели? Вашата глума и перформанс зачувајте ги за во кампања, сега е време е за одговорност“.

Ковачки побара оставка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This