Ковид во скопските училишта: 3аразени ученици од Аеродром и Кисела Вода, соучениците ќе одат во изолaција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информациите кои официјално се потврдени за Сител е дека ученичка од петто одделение вчера добила позитивен тест на Ковид-19 од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром.

Во 14 дневна изолација ќе оди целиот клас од одделението и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици. Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така да таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.

Во скопската општина Кисела Вода во основното училиште Кирил Пејќиновиќ две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид 19, потврди за Сител директорот на училиштето. Едното од нив веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањата.

До редакцијата на Сител пристигнаа информации за дополнителни случаи на ученици со симптоми на Ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје но за сега тие не се потврдени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This